Одложено судењето за конфликт на интереси на новоизбраниот романски претседател

Од:

Судскиот случај, по кој новоизбраниот претседател на Романија Клаус Јоханис е обвинет за конфликт на интереси, е одложен од судиите на Врховниот касационен суд за 25 ноември.

На два дена по вториот круг на претседателските избори, на кои Јоханис освои 54,50 проценти од гласовите, требаше да биде одржано првото рочиште по случајот, но судиите го одложија.

На 30 септември Врховниот касационен суд прифати да ја разгледа жалбата на Националната агенција за транспарентност (НАТ) против одлуката на Апелацискиот суд во градот Алба Јулија.

НАТ на 24 април 2013 година го обвини Клаус Јоханис дека бил во состојба на конфликт на интереси од 2009-2010 година, бидејќи бил градоначалник на градот Сибиу и претставник на Градското собрание во генралното собрание на акционери на двете друштва.

Јоханис го оспори извештајот на инспекторите за транспарентност, откако во септември 2013 година Апелацискиот суд во Ална Јулија ја прифати неговата жалба и ја поништи одлуката на НАТ. Агенцијата сепак поднесе жалба на ваквата одлука.

Според порталот Зиаре, претседателот согласно усавот може да го загуби мандатот само во многу строги услови, а конфликтот на интереси не е еден од тие услови. Согласно тоа, евентуална пресда за конфликт на интереси ќе биде повеќе морален проблем за Јоханис, отколку законски.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски