Романскиот министер за надворешни работи Теодор Мелешкану изјави дека ќе поднесе оставка на денешната владина седница, објаснувајќи дека тоа ќе го направи бидејќи не успеале сите Романци од дијаспората да гласаат за претседателските избори во неделата.
– Донесов ваква одлука како човек на честа во една држава, во која никој не презема одговорност, истакна Мелешкану.
Тој им се извини на сите романски државјани, кои со часови стоеле во редици за да можат да го остварат своето право на глас.