Традиционален „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“

Од:

Во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“ во Скопје, се одржува дводневниот 42-ри традиционален „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“.

На шаховскиот турнирот во машка и во женска конкуренција учествуваат вкупно 35 шахисти, од кои 26 се од Македонија и 9 од странство, како и 8 учеснички од Македонија.

Шахистите вчера на отворањето на турнирот ги поздрави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто на годинешните учесници им посака успех.

За спорт за 2014 година за реализација на оваа манифестација Градот Скопје издвои  50.000 денари.

Градот Скопје, преку Секторот за јавни дејности, согласно со програмата за повластен јавен градски превоз на лица со посебни потреби, за  лицата со оштетен вид има издвоено 4.658.640 денари, односно им има доделено 329 бесплатни билети.

Од буџетот на Град Скопје се одвоени и 47. 700 денари за организирано патување на дводневна екскурзија во Струга на 150 членови од Здружението на слепи лица.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ