РУСИЈА: Умре Павел Грачев, поранешниот министер за одбрана

Од:

Поранешниот руски министер за одбрана, Павел Грачев, кој ја предводеше првата воена интервенција во Чеченија, умре во 64-та година од животот, во воена клиника недалеку од Москва.

На лечење бил примен на 12 септември во тешка здравствена состојба.

Функцијата министер ја извршувал од 1992 до 1996 година, во претседателскиот мандат на Борис Елцин. Тој бил еден од архитектите на првата руска воена кампања во Чеченија против одметнатиот лидер Џохар Дудаев.

Во тоа време изјавил дека контролата врз Грозни може да се изведе за „неколку часа“ со воздушен десант  на еден воен пук.

Елцин го сменил од министерската позиција на почетокот на вториот претседателски мандат во 1996 година, по што Грачев работел во државната компанија за извоз на оружје „Русвооружение“.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија