БиХ ја презеде контролата над воздушниот простор

Од:

Босна и Херцеговина денеска по 22 години независност првпат ја презеде контролата над поголем дел од воздушниот простор.

Поради војната во БиХ (1992-1995) воздушниот простор го контролираа меѓународните мировни сили, а во 2003 година таа улога ја презедоа соседните Србија и Хрватска, додека земјата изгради сопствени капацитети.

– Денешното делумно преземање на контролата значи крај на десетгодишниот проект за изградба на сопствен систем за управување со воздушната навигација и подготовката на околу 400 луѓе персонал, изјави Ѓорѓе Ратковица генераленн директор на Дирекцијата за цивилна авијација на БиХ.

Србија и Хрватска ќе продолжат да го контролираат воздушниот простор над 10.000 метри, а од крајот на идната година ќе преземе БиХ.

– Првпат во историјата на БиХ постои регионална контрола на лет, истакна Ратковица.

Проектот, вклучително и диспечерските центри во Сараево, во Мостар и во Бања Лука, чини 34 милиони долари, а дел се обезбедени од кредит на Европската банка за обнова и развој.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници