МО: Не вршиме селективно отстапување на просториите во Домот на АРМ

Од:

Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката борба од Министерството за одбрана кон крајот на минатиот месец побараа користење на малата сала во Домот на Армијата на Република Македонија на 13.11.2014 година, од 13 до 15 часот, со цел одбележување на прославата за Денот на ослободувањето на градот Скопје. Министерството за одбрана веднаш одговори позитивно на ова барање на Сојузот на борците од НОАВ.

Ова е одговорот од Министерството за одбрана во врска со информациите пласирани во јавноста дека МО намерно не ја отстапува малата сала во Домот на АРМ на Социјалдемократскиот сојуз, по повод празникот 13 Ноември.

– Од друга страна, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со барање од 10.11.2014 година, побара користење на истата сала во Домот на АРМ и во истиот период, при што не бевме во можност позитивно да одговориме. Со цел да се излезе во пресрет на барањето на Социјалдемократскиот сојуз, Министерството за одбрана понуди да ја отстапи салата по 15 часот, на што не добивме никаков одговор, стои во соопштението од МО.

Од Министерството за одбрана во соопштението нагласуваат дека не вршат селективно отстапување на просториите во Домот на АРМ, туку секогаш кога е во можност ги помага и поддржува активностите за одбележување важни настани, тркалезни маси и конференции.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација