Единствената шанса на Јоханис против Понта

Од:

Пропагандниот апарат и политичкиот натпревар на Виктор Понта во последниве денови толку се засилија што тешко може да се најде дневен весник, веб страна или телевизиска програма каде што не се зборува за втроиот круг на изборите како за веќе добиени од кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП). Ги разбирам мотивите кои ги тераат се повеќето Романци да мислат дека Јоханис неме веќе никаква шанса, и дека Виктор Понта е конечен победник.

Големата разлика во првиот круг меѓу двајцата и недостигот од политички инстинкт кај кандидатот на Христијанлибералниот сојуз, како и во целина подобрата мобилизација на кампот на Витор Понта, се реалните аргументи кои подржувачите на кандидиатот на СДП ги искористуваат максимално ефективно во кампањата. Туј и таму има по некој последен воин кој продолжува да верува во шансите на Клаус Јоханис, веројатно повеќе патетично и очајно, отколку самиот Јоханис. И тоа зборува практично се за реалните шанси на Јоханис да се пласира пред Понта.

Големата тема за гласањето на Романците во странство и потресите од протестите кои во саботата се случија во неколку големи градови во земјата и кои кулминираа во Клуж (каде над десет илјади души излегоа на улиците протестирајќи против начинот на кој владата на Понта го органзираше гласањето на романците во странство) не сметам дека се доволни за да му бидат осигурени на Клаус Јоханис неопходните проценти за победа.

Колку и да се рашират тие протести, тие ја немаат силата да ја променат гласноста на гласачите во земјата. Уште повеќе што главните новински агенции – Антена 3, РеТеВЕ и од приватните Бе1 теве, не се разбрануваа кога центарот на Клуж беше преполн со демонстранти. Треба ли на протестите секој ден да излегуваат десетици илјади луѓе во секој поголем град во државата за да може нивната порака да не биде занемарена од медиумите.

Единствената реална шанса која Клаус Јоханис ја има пртив Виктор Понта е телевизиска дебата која засега изгледа и нема никогаш да се случи. Виктор Понта нема никаков интерес да излезе да дебатира со Јоханис. Како резултат на сета таа игра, која кандидатот на СДП и неговиот штаб ја играат во однос на преговорите околу таа голема телевизиска дебата, се ништо повеќе од цинично мамење на медиумските конзументи.

Тоа всушност никако не ги амнестира нејасните пораки на Клаус Јоханис. Тој би требало да знае или да му се каже дека единствениот начин да ја затвори огромната пропагандна уста на Виктор Понта е директно да влезе во устата на волкот, директно во телевизиите, кои заземаат се покритички тон кон него, и таму да се обиде да ги разоткрие манипулациите и лагите кои од час во час ни ги влеваат во главите.

Немајќи што да губи со оглед на резултатот од првиот круг, Клаус Јоханис требаше да ја дигне летвичката и да учествува на сите дебати па и на уште други. Пропуштајќи го моментот и непотребно невнимателно преценувајќи го секој свој чекор, кметот на Сибиу е во опасност воопшто да не се сретне со својот противник на телевизиска дебата.

Во недостиг на таквата дебата, неависно од реалните мотиви, Јоханис ќе биде тој врз кого ќе падне вината дека избегнувал. Ако самиот тој не покаже дека е подобар од Виктор Понта, колку и да се жестоки тие тези околу него немаат смисла. Вклучително и на оние кои излегоа или ќе излегуваат на улица за да протестираат против злоупотребите на владата на Понта.

Зиаре – Букурешт

 

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски