Економската криза ги „пресели“ Шпанците на село

Од:

Силвија Барценила, хемичарка по струка, речиси цела година барала работа во Мадрид. Во март, “кренала раце“ од градот и одлучила да се пресели во селото Вилануева де ла Вера, кое  е одалечено два и половина часа западно од Мадрид. Два месеци потоа започнала да работи во летувалиште, изградено на некогашна земјоделски посед,во кое сега се одржуваат предавања по јога и други рекреативни активности.

Силвија во малото селце, изнајмува стан за 200 евра месечно, што е многу помалку од тоа колку би плќала во Мадрид. “ Да најадев работа во Мадрид, не би помислувала на селидба во село, но сега не гледам причина да се вратам“ – раскажала Силвија. Таа е само едно од многуте Шпанци, која е дел од таканаречената обратна миграција, рурбанизам, од град во село. Овој нов тренд секако многу се должи на економската криза. Рурбанизмот, можеби започна пред кризата, по ширењето на интернетот, кој на луѓето им овозможуваше да работат секаде и од сегде, но секако кризата овој модел многу го приближи до луѓето – раскажува Карл Феиса, професор по социјална антропологија на Универзиететот во Леиди. Тешко е да се процени колку луѓе се придружиле на новото движење, бидејќи многу мигранти не ја менуваат адресата на живеење. Но јасно е дека малите градови со по 100 илјади жители почнаа да растат, а селата се помалку од илјада жители повеќе не се смалуваат.

Дел од мигрантите се враќаат во селата од кои дошле, онаму каде израснале или во кои живееле нивните предци и семејства.

Рурбанизамот во шпанските села донел и друга промена – размена стока за услуга. Карлос Моралес, кој со сопругата во  Вилануева отворил стоматолошка ординација, раскажува дека пациентите за услугите најчесто му плаќаат со зеленчук, овошје или друга роба. Истата енергија се чувствува и во соседното село Лосаро. Тамошната општина во последната година одобрила 11 нови работни проекти.

 

Секако има и такви на кои не им се допаѓа таа воодушевеност со селскиот живот. Хозе Луис Амаја Бохејвен и Марија дел Мар Бенито Таранго пораснел во Вилануева. Тука се запознале и венчале пред 25 години, а набрзо потоа се преселиле во предградие на Мадрид. И двајцата станале без работа во 2008-та, поради што биле присилени да се вратат во родното место со своите три деца, како би можела да преживеат. Денеска водат мала продавница, но сепак велат дека ќе заминат од селото веднаш штом кризата заврши. Се навикнавме на животот во град и навистина се надевавме дека овде повеќе никогаш нема да се вратиме да живееме- раскажува Марија.

Ни многумина сепак раскажуваат дека економската криза во Шпанија, во која стапката на невработеност се движи околу 25 отсто, ги потикнала да ги остварат своите сништа. „Одсекогаш сум сакал да живеам во природа – вели 31 годишниот Рубен де ла Хера, кој со сопругата и нивната ќерка се преселил на земјоделски имот во близина на селото Роблеида. „Кризата ме натера да соберам храброст и да се одлучам на тој чекор“. Неговото семејство денеска одгледува десетина различни видови на зеленчук и можат да се нахранат, а дополнитело ги одржува во живот социјалната помош за незапослени од 1000 евра месечно. Семејството де ла Хера долго време живееле во градот Логро, каде тој работел во фирма која одржувала апарати за храна. Но, по неколку година сватил дека целото време во денот го поминувам на улица, надвор од дома и тоа почна да ме излудува. Се преселив на село и сега уживам во урамнотежен, здрав семеен живот – раскажува де ла Хера.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата