Граѓаните ширум БиХ ги вознемири ново сознание дека овошјето и зеленчукот, кои што се продаваат на зелените пазари се третирани со канцероген фунгицид.
Како што пренесе „Дневни Аваз“ од продажба се повлечени мандарините, а добро упатените сметаат дека опасните хемикалии ги има и на останатите плодови, а особено на јаболкото и компирите. Експертите нагласуваат дека одредени видови на овошје и зеленчук со вакви супстанции се третираат околу 20 пати, што е многу повеќе од дозволеното.
Од уредот за заштита на потрошувачите велат дека и порано предупредувале дека појавата на отровни фунгициди на овошјето и зеленчукот на пазарите во БиХ е се поприсутна и дека поголемиот дел од нив доаѓаат од странство.
Во Агенцијата за безбедност на храна во БиХ велат дека побарале надлежните инспекциски органи да ги зајакнат контролите при увоз, поради присуство на пестициди, што подразбира проверка и на присуство на активната супстанција имазалил.
Фактот што секојдневно се откриваат производи кои што се третирани со отровни хемикалии, е загрижувачки бидејќи до објавување на официјални резултати, добиени по пат на лабораториски анализи граѓаните конзумираат овошје и зеленчук со прекумерна количина на пестициди.
Е. Г.