Амбасадорот на САД во Босна и Херцеговина Николас Хил денеска изјави дека се надева оти каква владина коалиција и да биде формирана во БиХ, ќе мора да има на ум дека економијата треба да и е приоритет.
Што се однесува за формирање на коалиција по општите избори во БиХ, оддржани пред еден месец, американскиот дипломат нагласи дека одлуката останува на политичките партии.
– Иако внимателно следиме што се случува и силно сме заинтересирани, во исто време не сакаме да имеме никаква улога, рече Хил на новинарите во Илијаш, каде го посети Основното училште „Стар Илијаш“ на кое му биле донирани книги.
Хил се надева дека идната колација, каква и да е, во секој случај ќе биде стабилна и дека ќе биде свртена кон економијата и кон реформскиот дневен ред.