Романскиот министер за надворешни работи Титус Корлицијан денеска соопшти дека се повлекува од функцијата, пренесе агенцијата Аџерпрес.
– Пред малку го информирав романскиот премиер дека одлучив да го вратам мандатот на министер за надворешни работи. Не можам да прифатам и нема да прифатам да го прекршувам законот и законитоста, не можам да прифатам институцијата Министерство за надворешни работи да биде принудено да го прекршува законот и законитоста заради политичките мотиви или предизборниот интерес на господата Басеску и Јоханис, изјави Корлицијан на прес конференција во Букуршет.