Во Делчевско одбележан Митровден

Од:

Со повеќе пригодни свечености денеска во Пијанечко-малешевскиот крај е одбележан православниот христинаски празник Св. Димитриј – Митровден.

Централната прослава е во храмот на новоподигнатата црква посветена на Св. Димитриј во делчевското село Габрово, со голем црковно-народен собор.

Чествувањето почна со празнична богослужба и литургија што ја чиноначалствуваше отец Димитрија Темелковски, свешетенослужител во Делчевското архиерејско намесништво на Брегалничката епархија на МПЦ – ОА.

Во културно-забавниот дел настапи реномираната фолклорна група од село Драмче, под раководство на Димитар Узунски, годинашен добитник на Државната награда 23 октомври.

Гости ги посетуваат домовите на габровчани што го носат името Димитар, Диме, Димче, Мите, Митко, Димитрина, Митра и други галовни форми и со благослови и убави желби им го честитаат празникот, а домаќините ги почестуваат со ракија и домашни специјалитети.

Црковниот одбор од Габрово за сите посетители на Митровденската прослава организира заедничка трпеза на љубовта, а главно јадење на празничното мени е јагнешка јанија.

Во чест на селскиот соборен ден – Митровден на спортските терени во Габрово се одржува и традиционалниот турнир во мал фудбал.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он