Инспекцијата во Дистриктот Брчко стави вон промет околу 5.300 килограми мандарини за кои е утврдено дека се третирани со зголемена содржина на фунгицид имазалил, кој пред 15 години е прогласен за „веројатно канцероген“.
Според зборовите на Зоран Гајиќ, главен инспектор во Брчко, реакцијата уследила по информациите дека увозното овошје содржи поголема количина на споменатиот пестицид.
Во институтот за заштита на здравје на РС потврдиле дека примерок на мандарина анализиран на 3. ноември имал зголемено присуство на имазалил, чија концентрација изнесувала 12.9, додека референтната вредност изнесува под пет милиграми по килограм.
Имазалил е фунгицид кој прбоива низ целиот плод, а во поголеми концентрации е токсичен! Станува збор за пестицид кој ја иритира кожата и создава солзење на очите, но штетно делува и на репродуктивните органи, а докажано е дека е канцероген и посебно опасен за децата.