Босна и Херцеговина доби нова шанса за спроведување на важните реформи и побрзо напредување на патот кон членство во ЕУ, и сега новата власт има голема одговорност да ја искористи таа можност, оцени денеска во Сараево министерот за надворешни работи на БиХ Златко Лагумџија.
Коментирајќи ја иницијативата на шефовите на германската и британската дипломатија Франк Валтер Штанјмаер и Филип Хамонд, за новиот пристап на решавање на кризата со која се соочува БиХ, Лагумџија вели дека предлогот е резултат на повеќемесечните разговори и лобирања.
Целта, додаде тој, е да се измени досегашниот пристап на Унијата кон БиХ и да и се помогне на државата побрзо да тргне во спроведувањето реформи и исполнување критериуми за членство во ЕУ.
Според него, суштината на понудата на Берлин и Лондон е веднаш да се тргне во спроведување на струкурните реформи – економски, но и социјални и правни, а оти на крај на тој процес да биде решавано прашањето на пресудата „Сејдиќ и Финци“, која се однесува на елиминирање на националната дискриминација од изборниот процес.