Волерс ја разбира фрустрацијата на Груевски

Од:

Пол Волерс, амбасадорот на САД, на вчерашниот брифинг со новинарите, не сакаше да го коментира ставот на премиерот Никола Груевски дека САД повеќе ја сакаат Грција отколку Македонија.

Амабасадорот ја разбира фрустрацијата и на премиерот и на македонските граѓани, кои не успеваат да ги остварат своите цели за евроатлантска интеграција, но според него, треба да се мисли на компромисот со Грција, затоа што, вели, целта е вредна за да се направи тој чекор.

САД и понатаму ќе остане стратешки пријател на Македонија, а Македонија ќе стане дел од НАТО, по решавање на спорот со името, вели Волерс.

„Ова не e негативен резултат за Македонија. Македонија и другите земји кои бараат проширување не беа на агендата на овој самит, ниту пак имаше намера да бидат. Значи тоа не е негативна одлука за Македонија. Деведесет проценти од дискусијата беше Авганистан и ситуацијата таму и токму тоа беше главната цел на чикашкиот самит“, рече Волерс.

Би можело да ве интересира

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО