Вчера, во времето од 15:00 до 17:30 часот, во Скопје на ул.„Крагуевачка“, во станот сопственост на Д.В.(37), засега непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што влегол во дворот на приземниот стан, насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување по собите одзел три рачни часовници (Касио, Своч и Есприт), пиштол „Зброевка-75“ кал.9мм, дозвола за поседување и носење на оружје и златен накит (прстени, ланче, обетки), а потоа го напуштил лице местото.
Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 140.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.