Руски суд денеска одлучи државата да ги преземе акциите што во компанијата „Башњефт“ ги псоедува холдингот „Система“ на милијардерот Владимир Евтушенков.
Евтушенков е во домашен притвор и против него е покренато обвинение за перење пари при приватизацијата на нафтената компанија.
Холдингот на Евтушенков најави жалба на судската одлука. „Система“ има околу 87 проценти од акциите на „Башнефт“.
Евтушенков со девет милијарди долари е на 15 место по богатство во Русија.