Каритас: Секој четврти Шпанец живее во сиромаштија

Од:

Бројот на луѓе во Шпанија што живеат во сиромаштија е зголемен за 4,4 милиони откако земјата ја зафати економска криза и сега изнесува 11,7 милиони, што значи дека под прагот на сиромаштија живее секој четврти Шпанец, се наведува во извештајот на хуманитарната организација Каритас.

Од вкупно 11,7 милиони луѓе, 77,1 процент не се вработени, а 61,7 отсто се борат да го задржат својот дом.

– Економскиот раст сам по себе не гарантира еднаквост. Јасно е дека во борбата против сиромаштијата е потребно да се зајакне социјалната заштита. Точно е дека постојат програми и планови, но тие планови се апсолутно недоволни, изјави генералниот секретар на Каритас Себастијан Мора, додавајќи дека речиси половина милион домаќинства во Шпанија немаат никаков извор на приходи.

Шпанија кон средината на минатата година почна да излегува од рецесија со постепен економски раст, но се уште има стапка на невработеност од 23,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата