На преминот Хоргош, на границата меѓу Србија и Унгарија, рано утрово е спречен нелегален пренос на повеќе од 50.000 евра, соопшти Царината во Србија.
Девизите се откриени кај 25-годишен студент од Црна Гора, кој со автобус патувал од Франкфурт во Белград.
Деталната контрола на багажот и личниот претрес на споменатиот патник уследиле откако сите патници од автобусот изјавиле дека немаат што да пријават за царинење.
Во преградата на личните торби на патникот пронајдени се вкупно 60.150 евра, од кои вратен му е дозволениот износ од 10.000 евра.