Според непотврдени информации на украинската телевизија „112.уа“ во Доњецката област биле киднапирани двајца меѓународни набљудувачи, повикувајќи се на набљудувач од Меѓународната комисија за правата на човекот, пренесе ТАСС.
Во моментов информацијата се проверува.
Пред ова, лидерот на Опозицискиот блок Јуриј Бојко, гласајќи на своето избирачко место во Киев, изјави дека „властите прават се за да ги поништат изборите во југоисточниот дел на земјата и за таа цел изведуваат различни провокации“.
Тој ги повика локалните жители да излезат на гласање.