Порошенко отпатува во Донбас за да гласа

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко пристигна денеска, на денот на изборите, во ненадејна посета на истокот на земјата, каде се одвиваа борбите меѓу украинската војска и проруските сили.

– Стасав во Донбас, напиша Порошенко на својот Твитер налог, а постави и фотографија на која е прикажан како во камуфлажна униформа гледа низ вратата од хеликоптер.

Според телкевизската станица „112 Украина“, украинскиот претседател ќе гласа во Донбас, а не во Киев. – Новинарите открија дека Порошенко ќе гласа во Донбас, соопшти оваа телевизија.

Неговата сопруга, Марина Порошенко за оваа телевизија изјавила дека нејзиниот сопруг отпатувал во Донбас за лично да го следи спроведувањето на изборите во Луганск и Доњецк.

Претходно, прес службата на претседателот соопшти дека во 12 часот по средноевропско време Порошенко ќе се врати во Киев за да го искористи своето демократско право и да гласа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми