На денешен ден далечната 1998. година Valve ја објави Half-Life и направи револуција.
Првата Half-Life до денес е продадена во повеќе од 10 милиони примероци, а култот кој е создаден беше потврден 2004. година со излегувањето на Half-Life 2. За жал, нејзината приказна никогаш не е заокружена. Како што сигурно знаете, Valve објави само две од трите најавени експанзии, а со оглед на тоа што поминаа 10 години, очигледно е дека приказната никогаш нема да биде завршена.
Не е исклучено Valve да се преплашил од огромниот интерес и едноставно запрел со развојот на „тројката“ од страв дека никогаш нема да може да ги задоволи неизмерно големите очекувања на играчите.
Помина многу време, а Half-Life и денес се игра. Во што е нејзината генијалност проверете во освртот кој го направил еден гејмер: