Силниот ветар и снежните врнежи во Украина во текот на изминатата ноќ без струја оставија 226 населби во пет централни и јужни области, соопшти државната служба за вонредни ситуации, цитирана од ТАСС.
Во Одеската област без електрична енергија останаа 94 населени места, во
Николаевската – 92, во Кировградската – 24, во Херсонската – 10 и во Черниговската област уште шест населби.
Во моментов соодветните служби се обидуваат да ги вратат овие населени места во електродистрибутивната мрежа.