Судирот во Украина присили повеќе од 824.000 лица да ги напуштат своите домови, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
УНХЦР притоа предупредува дека треба да се зголеми помошта за укринските багалци пред претстојната зима.
Во Украина во моментов има најмалку 430.000 внатрешно раслени лица, а според УНХЦР, од почетокот на септември со ваков статус се стекнале дури 170.000 лица .
Уште 387.000 украински бегалци заминале за Русија, додека 6.600 поднеле молба за добивање азил во Европската унија и Беларусија, наведе УНХЦР.