Порошенко: Донбас не може да преживее без Украина

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја уверува украинската и светската јавност дека регионот Донбас, што е делумно под контрола на проруските сепаратисти, не може да преживее без Украина, пренесоа француските медиуми.

-Нема да има замрзнат конфликт, затоа што Донбас не може да преживее без Украина, ги уверуваше Порошенко присутните на неговот говор на предизборниот митинг во Одеса, на три дена пред парламентарните избори во земјата.

Во предизборната кампања како тема доминираа борбите во источна Украина меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, во кои, според податоците на ОН, досега се убиени над 3.700 лица.

Мировниот процес, што го иницира Порошенко, не ги прекина целосно борбите и затоа сепаратистите, кои контролираат делови од Доњецката и Луганската област, сега се подготвуваат да организираат свои одделни избори на 2 ноември.

Корупцијата, меѓу другото, е една од главните теми во предизборната кампања на Порошенко. Оваа недела тој прогласи серија закони за борба со овој сериозен проблем во украинското општество, кој земјата ја има зафатено на сите нивоа во администрацијата и во власта, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми