Анкета: Блокот на Петро Порошенко ќе победи на изборите во Украина

Од:

На претстојните парламентарни избори во Украина, што ќе се оддржат в недела, се очекува 28,1 отсто од избирачите да го дадат својот глас за Блокот на Петро Порошенко, покажуваат резултатите од истражувањето на Фондацијата „Јавно мислење“, што беа објавени денеска.

Ккао што јави агенцијата ТАСС, претставувајќи ги резултатите од анкетата, претседателот на Фондацијата, Володимир Подгорнов, рече дека за Радикалната партија на Олег Лашко се подготвени да гласаат 13,8 проценти, за Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук – 8,2 отсто и за Татковина (Баткившчина) на експремиерот Јулија Тимошенко – 7,3 отсто. Следуваат партијата Граѓанска позиција на поранешниот министер за одбрана Анатолиј Гриценко со 6,4, партијата Самопомош на лвовскиот градоначалник Андриј Садовиј со 5,5 отсто и партијата Слобода со 5,2 отсто.

Опозицискиот блок, во кој се поранешните членови на Партијата на регионите е на границата на петпроцентниот цензус за влез во Врховната рада и тие засега може да сметаат на 4,9 отсто од гласовите.

Анкетата утврди дека 9,2 отсто од избирачите се уште не одлучиле за која партија ќе го дадат својот глас.

Претседателот на Фондацијата „Јавно мислење“, исто така, потенцира дека околу 30-40 проценти од гласачите уште не се определиле кој кандидат да го поддржат во едномандатните изборни единици. Тој информира дека во овие изборни единици бројот на претенденти за мандат варира од шест до 43.

На 26 октомври Украинците треба да ги изберат 225-те членови на Врховната рада од понудените листи на 29 партии со вкупно 3.114 кандидати. Истовремено, ќе се гласа и во 213 едномандатни изборни единици, во кои има вкупно 3.322 кандидати.

ТАСС посочува дека „од разбирливи причини“ изборите нема да се оддржат во досегашните две изборни единици во Севастопољ и во 10 на Крим. Агенцијата го цитира претседателот на ЦИК, Михајло Охендовски, дека во 14 изборни единици во Доњецката и Луганската област ќе нема можност за гласање, а други три единици во источниот дел на земјата „се проблематични“, односно уште не е решено дали таму ќе се спроведат избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми