Словенечката врска ги урна Ѓаволите

Од:

Почна борбата за освојување на Стенли купот во Њуарк, каде домаќините Њу Џерси Девилс ги дочекаа Лос Анџелес Кингс.

И почна со победа на гостите од 2:1 и тоа по продолжение благодарејќи на Словенецот Анже Копитар кој погоди од контра за девета последовна победа на гостувањата во доигрувањето.

„Ги видов Браун и Вилијамс блиску до оградата, си помислив, ова е шанса и се извлеков малку, пакот стигна до мене и иако Бродур е голман од светска класа јас бев поуспешен“, рече Копитар.

Во првата третина поведоа гостите со голот на Фрејзер на асистенција на Нолан. Во втриот период Волченков изедначи и тоа беше конечен резултат во регуларниот дел по 60 минути.

Следниот натпревар е во недела наутро.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Ана Ололовска

НХЛ и МОК сè уште не договориле учество на хокеарите на лигата на Олимписките игри во 2022 година

Ана Ололовска

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

НХЛ го одобри составот на дивизиите за сезоната 2020/21, едната група е целосно канадска

Ана Ололовска

НХЛ може да го одложи почетокот на новата сезоната за 1 февруари

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска