Парламентарен одбор: Во Иловајск најмалку 300 загинати украински војници

Од:

Украинските власти денеска соопштија дека повеќе од 300 војници се убиени за време на повеќенеделните судири во градот Иловајск. Извештајот на парламентарниот истражен Одбор е прва потврда за големиот број загинати војници на украинската страна.

– Ниту Министерството за одбрана ниту Генералштабот не одговорија на барањата на истражниот одбор во врска со загубите на оружените сили, наведува Одоборот во соопштение.

Украинската армија во почетокот на август покрена голема операција за заземање на Иловајск, но наместо тоа се најде опколена од проруски сили.

Западни медиуми јавуваат дека во градот и околината и понатаму се видливи траги од жестокот гранатирање.

Критиките кон армијата беа дека тоа е „резултат на катастрофална команда“. Украинскиот министер за одбрана минатата недела поднесе оставка.

ОН проценува дека повеќе од 300 луѓе се убиени од постигнувањето на договорот за прекин на огнот на исток во Украина минатиот месец, и најмалкu 3.660 загубиле живот во судири во изминатите шест месеци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми