Законот за специјалниот статус на Донбас стапи во сила

Од:

Законот за специјалниот статус на Донбас, регионот на Доњецк и Луганската област денеска стапи во сила по објавувањето на одлуката во Гласот на Украина, службен весник на украинскиот Парламент.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко на 16 октомври го потпиша Законот за специјалниот статус на Донбас во источниот дел на земјата, кој се смета за клучна точка од неговиот мировен план, откако пратениците во Врховната рада го усвоија пред еден месец.

Со Законот се дефинира привремената процедура за организирање и функционирање на локалните органи на самоуправа во различни дистрикти на Доњецк и Луганската област.

Клучна цел е создавање услови за нормализација на ситуацијата, повторно воспоставување ред и мир, почитување на уставните права и слободи на граѓаните, создавање услови за враќање на раселените лица.

Специјалниот статус е орочен на три години, а вонредните локални избори во овие области се планирани за 7 декември.

Со Законот исто така се уредува и начинот на координација на активностите на локалните власти на овие области со централната Влада.

Согласно Законот државата го гарантира спречувањето на кривичното гонење и казнување на учесниците во судирите во овие области. За заштита на јавниот ред и мир ќе биде задолжена полицијата, која ќе ја формира локалната влада.

Според податоците на ОН во судирите во источна Украина од средината на април загинале околу 3.500 лица, а повеќе стотици се раселени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми