Жителите на Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција се најнезадоволните во светот од работата на своите влади, покажува истражувањето кое го спроведе американската компанија за Галуп.
Компанијата Галуп при тоа истражила повеќе елементи, како што се корупција, невработеност, како и фактот во колкава мера жителите на сите земји ги поддржуваат своите лидери да останат на власт.
Први на списокот на најнезадоволни се државјаните во БиХ каде, како што наведуваат од Галуп, само осум отсто од испитаниците рекле дека ја поддржуваат владата и лидерите на власт. Воедно, тоа е и земјата која имала најголем рејтинг кога е во прашање бројот на негативни поени упатени до Владата од страна на населението.
Дури 91 процент од државјаните на БиХ сметаат дека корупцијата меѓу власта е најраширена, додека стапката на невработеност е 27 проценти.
Покрај невработеноста, се наведува во истражувањето, голем проблем се и „длабоките етнички тензии кои се присутни во оваа земја две децении по војната, каде не само власта и медиумите, туку и училиштата се разделуваат врз основа на етничка припадност“.
На списокот на 12 најнезадоволни жители од своите влади, освен БиХ, Бугарија и Грција, се и Чешка, Моладавија, Пакистан, Перу, Романија, Костарика, Јамајка, Португалија и Шпанија.