Берлин и Париз се залагаат за испраќање на беспилотни авиони на ОБСЕ во Украина

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) треба што побрзо да донесе одлука за испраќање на беспилотни авиони за набљудување во Украина, изјавија министрите за надворешни работи на Германија и Франција, Франк Валтер Штајмајер и Лоран Фабиус на заедничката прес-конференција во Берлин.

– Се надеван дека тоа прашање ќе биде поставено што е можно најбрзо, истакна Фабиус.

Во петокот Париз и Берлин заеднички побараа од ОБСЕ да испрати беспилотни разузнавачки авиони, кои ќе го набљудуваат прекинот на огнот во Источна Украина.

Штјмајер посочи дека одлуката најверојатно ќе биде донесена пред крајот на месецот.

– Франција е подготвена да ги обезбеди неопходните беспилотни авиони, наведе Фабиус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми