Илјадници лица демонстрираа пред Владата во Киев со социјални барања

Од:

Неколку илјади членови на синдикалните организации се собраа денеска на митинг пред зградата на Владата во Киев во знак на протест против ниските плати и укинувањето на работните места.

Демонстрантите носеа транспаренти со пароли како „Не на сиромаштијата во Украина“, „Запрете ја антисоцијалната агресија“, „Реформи во интерес на луѓето, а не на олигарсите“.

Протестот мина мирно, а зградата беше обезбедувана од десетици полицајци.

На Општоукраинскот форум на синдикатите во неделата беше упатен повик кон Владата да не дозволи кратење на работните места, затворање на државни претпријатија и зголемување на цените на производите, а исто така беше побарано и исплаќање на задоцнетните плати и на социјалната помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми