Во Скопје Меѓународна конференција за посебни пратки во железничкиот сообраќај

Од:

Македонија денеска е домаќин на конференција за посебни пратки во железничкиот сообраќај, што се одржува во организација на Меѓународната унија на железниците (УИЦ).

Учесниците на конференцијата, членки на работната група 502 на УИЦ, ги анализираат состојбите со превозот на посебните пратки, кои по обем го надминуваат стандардниот габарит пропишан во правилата. Се дебатира за новините во постапките за тој превоз и промените во правилата.

Ирфан Асани, директор на ЈП МЖ Инфраструктура, истакна дека Македонија како членка на УИЦ ги реализира сите активности  врз основа на правилата што се креираат и применуват со унијата и останатите членки. Правилата се многу обемни, а претставуваат азбука за железниците во целост, рече Асани.

Безбедноста, истакна, е приоритет во нашето работење.

– Во таа насока е организиран и превозот на посебните пратки кој е резултат на координирано делување на повеќе организациски делови на претпријатието. Потврда за нашата успешна организираност и работење е фактот што досега на територијата на мрежата на ЈП МЖ Инфраструктура не се случил ниту еден инцидент од аспект на безбедноста при превозот на посебните пратки, рече Асани.

Според директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски, со оглед дека станува збор за динамична материја, односно средства кои постојано го зголемуваат габаритот, железничките компании мора постојано да воведуваат нови правила за тој превоз.

– Како транспортна компанија сме должни да ги почитуваме сите правила кои ги пропишува УИЦ во случајот прописите за превоз на посебни пратки кои го надминуваат вообичаениот габарит. На конференцијата ќе се утврдуваат и измени на правила кои треба да важат во иднина, кои ќе ги почитуваме и на нашите клиенти ќе им пружиме превоз на посебни пратки, наведе Деркоски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски