„Балканот не е мртов“ го затвора 33. издание на „Браќа Манаки“

Од:

Македонскиот игран филм „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски е последниот филм во конкуренција на 33-от по ред ИФФК „Браќа Манаки“ кој вечер завршува во Битола.

На денешната средба со новинарите, а во пресрет на вечерашната премиера, режисерот Поповски истакна дека идејата за филмот почнала во 1994 година кога токму во Битола на сцената на народниот театар во овој град ја гледал истоимената театарска претстава текст на Дејан Дуковски.

Тоа што тогаш ми се допадна и до ден денес се обидувам да го пренесам на филмско платно, тоа е преубавата приказна на Дуковски и користењето на еден многу убав јазик кој беше користен за раскажување на самата приказна. Кога почнавме текстот да го преточуваме на филмско платно ние се обидовме да го сочуваме тој јазик. Во филмот е креиран еден имагинарен простор, во филмот креирам еден сопствен јазик и за тоа имав поддршка од продуцентот Насков. Се обидов да дефинирам што значи Балканот, како да го претставам Балканот и овие простори, посочи Поповски.

Би можело да ве интересира

По Материјата-заедничка изложба на наши и уметници од Грција и Албанија

Патувачко кино на „МакеДокс“ се одржа во Кочани

„Нурни во мене“ – самостојната изложба на Сашо Блажес

Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ добитник на наградата за најдобар дебитантски филм на Фестивалот на Југоисточна Европа 2025