Резултатите од ДНК анализата на телото за кое постои сомневање дека можеби е на исчезнаата прилепчанка Дениса Маркоска веќе се во Скопје.
Според информации на Сител, резултатите се во Македонија, но ќе им бидат соопштени прво на нејзините родители.
Родителите на Дениса уште вчера биле повикани денеска да дојдат во Скопје.
Дениса Маркоска веќе неколку недeли се води како исчезната откако последен пат беше идена на бродот на кој работеше во близина на Крит.