Судири пред украинскиот Парламент

Од:

Неколку илјади демонстранти и полициските сили се судрија денеска пред украинскиот Парламент, јави ТАСС.

Според украинските власти, пред Парламентот се собрале 8.000 лица.

Страстите зовреле откако на повеќе пати бил одбиен предлогот на неколкумина пратеници за официјално признавање на припадниците на контроверзната Украинска востаничка армија (УПА) за национални херои и за борци за независноста на Украина во текот на Втората светска војна. УПА е обвинувана за соработка со нацистите.

Млади луѓе со знамиња на националистичката партија „Слобода“ почнаа да ги кршат павер елементите и со  нив да фрлаат по зградата на Парламентот. Кон нив се приклучиле и борци од Националната гарда и ветерани од УПА.

Припадниците на полицијата беа гаѓани и со димни бомби, флеш гранати и рачно изработени експлозивни направи, при што се повреднени неколкумина од нив.

Шрапнел од експлозивните средства стигна и до вториот кат од зградата и затоа новинарите беа повикани да се оддалечат од прозорците, од кои многу беа искршени.

Претставник на Украинскиот Црвен крст соопшти дека пет лица се ранети од фрлените плочки.

Сите влезови на Парламентот беа затворени, а заседанието продолжи зад затворени врати.

„Слобода“ демантира дека нејзини членови се одговорни за немирите пред Парламентот и ги повика органите на редот да ги преземат сите мерки за да се избегнат евентуални жртви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми