ВИДЕО: Дарт Вејдер, Чубака и Јода се тркаат за парламентарно столче во Украина

Од:

Некои со ветување розова иднина, некои со обвинувања и дискредирирања. Но некои одбираат пооргинален начин во изборната трка за глас повеќе. И овој пат не пишуваме за избори во Македонија, иако можеби и нашите ќе добијат идеа плус, па наместо митингашење и секоја година исти говори и настапи ќе почнат да облекуваат одела и маски на некои познати ликови од филмовите.

internetPartija-ukraina

Една од најоригиналните идеи е на Интернет партијата во Украина. За столче во украинскиот парламент се борат Дарт Вејдер В., Степан Чубака (Chewbacca) и Јода, имиња на личности на легендарниот филм „ Војна на ѕвездите“(Star Wars).

Централната изборна комисија им дозволи да се кандидираат, бидејќи нивните првични имиња законски ги замениле. Нивниите профили на социјалните мрежи имаат голем број следбеници.

Се работи за млади лица, на возраст од 21 до 33 години, основач на Интернет партијата на Украина е Дмитриј Иванович Голубов, наводно, еден од најголемите сајбер криминалците во земјата. Познат како „сценарио”, Голубов беше уапсен во 2005 година од страна на украинската полиција поради сомневања за тргување со кредитни картички украдени од веб-сајтови.

Креативноста на кандидатите и нивната кампања со видеа и постери, е украински пресврт.

„Да удриме по корупцијата“, порачува од плакатите Степан Чубака.

Дарт Вејдер веќе долго време е симбол на нивната партија. Во февруари, партиски активисти облечени како Дарт Вејдер протестираа пред Министерството за правда во Киев во одбрана на групата.

Но, Интернет партијата не е единствена која го ставила Дарт Вејдер како кандидат. Вкупно на листите има седум Дарт Вејдери за избори, заедно со најмалку четири други кандидати со тематските имиња од „Војна на ѕвездите“.

Според информациите на медиумите во украинскиот парламент сакаат да влезат и кандидати кои носат имиња како Спајдермен, Волверин и Супер Марио, но за разлика од членовите на Интернет партијата, овие кандидати законски не ги сменија своите имиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми