Гордон вети поддршка за Македонија

Од:

Вицепремиерот Теута Арифи во американскиот Стејт Департмент имаше средба со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон и со помошникот заменик државен секретар Филип Рикер.

Арифи по средбата, како што јави МИА, изјави дека со Гордон разговарале за ероатлантските интеграции, спорот за името и за состојбите во владејачката колиција, при што Гордон изразил силна поддршка.

„Јас брифирав за процесот на дијалог на високо ниво со Европската унија и што е многу важно американската аминистрација максимално го поддржува овој процес и искажаа задоволство од резултатите што сме ги постигнале. Разговаравме и за други прашања, за стабилноста во регионот и за внатрешните прашања како односите во владејачката коалиција. Секако дека за претставниците на американската администрација кои ја следат Македонија е јасна комплексноста на односите во коалицијата, но во принцип максимално ја поддржуваат стабилноста на институциите, стабилноста на државата и секако даваат поддршка на секој процес што ќе не приближи поблискудо ЕУ“, изјави Арифи.

Вицепремиерката најави дека Македонија од САД ќе добие поддршка и за ефектуирање на очекуваната нова препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма