Украискиот претседател Петро Порошенко изјави дека втор јазик во училиштата треба да биде англискиот, а не рускиот јазик, бидејќи така би се подобрил животниот стандард во државата.
Тој истакна дека постои врска помеѓу стандардот на луѓето и нивното ниво на познавање на англискиот јазик.
-Колку повеќе Украинци го зборуваат англискиот јазик, толку подобра ќе биде Украина-рече тој и додаде дека сите министри, како и истакнати претставници на универзитети, мора да го научат англискиот јазик.
Е. Г.