САД: Насилството го доведува во прашање примирјето во Украина

Од:

Новиот бран насилство меѓу армијата и проруските сепаратисити во источна Украина го доведува во прашање примирјето меѓу двете страни постигнато на 5 септември, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џен Саки.

Таа воедно ја повика Русија да го искористи своето влијание врз сепаратисите за да ги натера „под итно да прекинат со своите напади“.

Саки информира дека американскиот државен секретар Џон Кери денеска имал телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, при што ја изразил загриженоста на САД од зголеменото насилство во источна Украина.

Портпаролката на Стејт департментот нагласи дека разговорот меѓу Кери и Лавров траел 10 минути.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми