Центарот на Доњецк денеска беше цел на артилериски проектили, кои погодија еден трговски центар, соопштија локалните сепартистички власти.
Ова е прв артилерски напад врз центарот на Доњецк од 5 септември, кога стапи на сила примирјето договорено во Минск.
Десет цивили загинаа вчера при артелириски напад врз предградие на Доњецк, во близина на контролен пункт на патот што води кон доњецкиот аеродром.