Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека пронајдените над 400 тела во масовните гробници во близина на украинскиот град Доњецк е ужасен доказ дека е извршено воено злосторство.
– Ова очевидно е воено злосторство. Во масовните гробници кај Доњецк веќе се пронајдени повеќе од 400 тела и се надеваме дека западните земји нема да ги забошотат овие ужасни факти. Очекувам да слушнам јасен и објективен одговор од меѓународните организации. ОБСЕ веќе работи на терен. Ние ќе направиме се што е потребно за да се открие вистината, истакна Лавров.
Тој неодамнешното тврдење на Киев дека ќе спроведе отворена и независна истрага за наводниот масакр, штом ја врати контролата врз оваа област, ја оцени како „чиста хипокризија“, бидејќи „овие злосторства очевидно се извршени кога украинските безбедносни сили ја имале контролата врз овој регион“.