Николов: Владата ветува поевтино дрво, а дрва во складиштата нема

Од:

Владата вчера излезе во јавноста со веста дека ја намалува цената на огревното дрво на Македонски шуми за 10% за граѓаните кои не се корисници на социјална помош и 20% за граѓаните кои се корисници на социјална помош .

За СДСМј оваа мерка на владата во пракса нема да им помогне на оние за кои е наменета туку треба само да послужи за маркетинг и гол популизам.

„ Владата напразно ветува поевтинување на огревното дрво, кога во државните складишта нема залихи на огревно дрво, а самите јавни складишта вчера и јавно преку медиумите признаа дека не примаат повеќе нарачки за претстојната грејна сезона.Граѓаните што сега сакаат да купат дрва по пониски цени кои ги рекламира Владата, ќе останат со празни раце, затоа што државните складишта се празни, а поевтинувањето е објавено само еден ден откако складиштата престанаа да примаат нарачки. Ова им оди во прилог само на приватните складишта, каде единствено може да се најдат дрва, но по многу повисока цена“, рече Марјанчо Николов.

Складиштата се празни затоа што Македонски шуми не го исполнува годишниот план за сеча на огревно дрво и дополнително во месец август имаше информации дека дури имало и извоз на дрва за соседна Грција, рече Николов.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство