А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кампања за изградба на ботаничка градина за Домот „11 Октомври“

by А1он30/09/2014 - 15:03200
Share0

По повод патрониот празник на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври” од утре до 10 октовмри ќе се одржи кампања за собирање средства за изградба на стаклена градина за штитениците на Домот.

Добивај вести на вибер

Ристенка Атанасовска, директор на Домот „11 Октомври” изјави дека се задоволни што, конечно, почнува кампањата за реализација на овој проект со кој децата ќе добијат модерна ботаничка градина каде ќе можат самите да посадат и да одгледуваат овошје и зеленчук.

– Ова е убав начин да го научат целиот процес на нивно одгледување, а воедно и да се одговорни – да се грижат за нешто што самите го посадиле. Затоа, апелираме до сите правни и физички лица да се вклучат во кампањата, како би можеле оваа наша дамнешна желба, да ја реализираме, изјави Атанасовска.
Министерството за труд и социјална политика е првата државна институција, која ја поддржа кампањата.

– Веруваме дека ова е одлична прилика, сите оние кои се во можност, да донираат за изградба на стаклената градина за децата од Домот „11 Октомври”. Министерството за труд и социјална политика ја поддржува оваа акција, која покрај општествено одговорниот карактер, кој компаниите и физичките лица ќе можат да го демонстрираат, ќе донесе и многу насмевки од овие деца, кои се навистина бесценети, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Целата активност ќе заврши на 10-ти октомври, со голема “грил забава” во дворот на Домот, подготвена од децата, на која ќе бидат додеделни благодарници за сите донатори, како и на медиумите за нивната поддршка.

makedonija

Би можело да ве интересира

Македонија меѓу земјите за кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Горан Наумовски14/01/2026 - 18:4014/01/2026 - 19:02

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 21:40

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 17:33

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 14:11

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 11:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен