Пронајдено телото на затрупаниот рудар

Од:

Беживотното тело на рударот Жељко Милетиќ, ноќеска, по шест дена потрага, го пронајдоа спасителите и рударите во јамата “Стрмостен” од рудникот “Рембас” и го извадија од урнатините.

Прeдсeдателот на Синдикaтот на “Рeмбaсa” Нeбojшa Mилeнкoвуќ потврдио за РТС-дека телото на Милетиќ, под големите наслави јаглен и камен е пронајдено околу еден часот по полноќ од страна на спасителтие и рударите од третата смена.

Откако е извлечено телото се чека надлежен јавен обвинител и инспектор да направат увид во јамата.

По тоа, треба да се знаат повеќе детали за тоа како Милетиќ настрадал. Телото на рударот до тогаш ќе остане во јамата, но е извлечено на сигурно.

Врз Малетиќ, во јамата се урна големо количество јаглен, камен и земја, и од тогаш немаше никаков контакт со него.

Потрагата по затрупаниот рудар траеше од вторникот наутро и не е прекината се додека телото на 36-годишниот рудар не беше конечно пронајдено.

Изнесувањето на огромни количества јаглен и карпи кои се урнаа од сводот на јамата како и додатните рушења ја отежнуваа спасувачката акција.

Беше татко на три малолетни деца и живееше со невенчаната сопруга.

Тој потекнуваше од рударско семејство. Татко му е рударски пензионер, а постариот брат исто така му работел во истата јама. Милетиќ како рудар работел 8 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ