Урнат најголемиот споменик на Ленин во Украина

Од:

По повеќечасовни обиди на плоштадот на слободата во центарот на Харков, синоќа е урнат најголемиот споменик на Владимир Илич Ленин во Украина.

Медиумите пренесуваат дека активисти на митингот за единство во Украина со помош на сајли и кран, ја урнале бронзената фигура на Ленин, која што беше висока 8,5 метри.

Агенција УНИАН наведе дека на централниот плоштад во Харков била видлива симболиката на „Десниот сектор“, националното украинско знаме и знамето на меџлисите кримско-татарскиот народ, додека „Интерфакс“ пренесе дека уривањето го започнале луѓе од доброволниот баталјон „Азов“ и дека некои од присутните носеле фантомки на главите.

Министерот на полицијата Арсен Аваков соопшти дека нема да има истрага во врска со настанот, бидејќи гувернерот на Харковската област Игор Балут потпишал налог за демонтажа на споменикот. Инаку споменикот беше подигнат во 1963 година, а неговата целосна височина изнесуваше 20,2 метри.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми