Јапонскиот холдинг СофтБанк корпорејшн води преговори за купување на филмското студио Дримворкс анимејшн, јавуваат американски медиуми.
Според неименуван извор на кој се повикува Холивуд рипортерс, зделката ќе биде 3,4 милијарди долари. СофтБанк онудиле 32 долара по акција за Дримворкс анимејшн.
СофтБанк има 32 отсто во кинеската компанија за електронска трговија Алибаба груп која неодамна излезе на берзата. Дримворкс анимејшн е самостојно од 2004 година иако Дримворкс работи од 1994 година.