Русија зголемила шпионски активности поради санкциите од ЕУ и украинската криза и шпионира австриските министерства, тврди неименуван припадник на воената разузнавачка служба на Австрија.
Во изјава за виенски Естерхајх тој вели дека Русија ги шпионира министерствата за економија и за надворешни работи.
– Русија моментно зголемува шпионски активности, а цели се највисоките кругови, објаснува тој.
Десетина руски разузнавачи моментно според него, се обидуваат да обезбедат поблизок контакт со соработници во тие министерства.
Цел им е да добијат доверливи информации за закони и предлози на закони и интерни документи за да дознаат како да се заобиколат санкциите и како да се заштитат руските финансиски средства во Австрија.