Две лица загинаа и 14 се ранети во вчерашниот ден на исток во Украина каде продолжија судирите со проруските активисти, и покрај тоа што во сила е прекин на огнот, изјави денеска портпарол на Украинскиот национален совет Володимир Пол Јовиј.
Тој рече дека едно лице загинало и 14 се повредени во минофрлачки напад врз градот Счастја каде се оштетени болница и средно училиште.
Пол Јовиј изјави дека во текот на вчерашниот ден загинал и еден војник додека осуммина се ранети.
Според него, продолжуваат борбите околу аеродромот во Доњецк. Повеќе од 3.500 луѓе загинаа од 11 септември откако почнаа судирите меѓу украинските сили и проруските активисти додека повеќе од 8.000 се повредени.