Захарченко: Пронајдени тела на 40 цивили во три гробници кај Доњецк

Од:

Премиерот на самопрогласената Доњецка народна република (ДНР) Александар Захарченко изјави денеска дека околу 40 безживотни тела на цивили се пронајдени во три масовни гробници кај Доњецк.

– Пронаоѓаме уште гробници, точниот број на масовни гробници се уште не е познат. Во нив се цивили, заробени востаници и украински војници, рече Захарченко.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека „војната полиција“ на ДНР ја известија Специјалната мониторинг мисија дека се пронајдени три необележани гробници, два кај рудникот за јаглен „Комунар“ кај селото Нижнаја Кринка, а третата во самото село.

Членови на ОБСЕ пронашле на две локации, оддалечени 50 метри една од друга, по две безживотни тела во фаза на распаѓање.

Претставници на проруските сили сметаат дека цивилите биле убиени од припадници на Националната гарда, бидејќи припадниците на украинските сили се наоѓале во Нижнаја Кринка од април оваа година.

Би можело да ве интересира

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Доњецк: Најмалку две жртви, четворица ранети во украински ракетен напад

А1он

Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

А1он

Снимка од нападот на окупираниот Доњецк

А1он